MKD

SPOT App | Политика на приватност

Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност, со цел да бидат запознаени со начинот на кој се користат податоците и информации што „Spot App“ ги собира од нив.

Во оваа Политика на приватност, Ние, ги објаснуваме видовите на информации кои може да ги собереме и задржиме при користењето на Платформата и Апликацијата, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, тука се одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации.

Дефинициите утврдени во Условите за користење на Платформата и Апликацијата ќе важат и за Политиката на приватност.

Оваа Политика е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија.

Дефиниции:

„Лични податоци“ значи секоја информација во врска со идентификувано физичко лице („субјект на податоци“); идентификувано физичко лице е оној кој може да се идентификува, директно или индиректно, особено со упатување на идентификатор, како што се име, идентификациски број, податоци за локацијата, мрежен идентификатор или на еден или повеќе фактори специфични за физичкиот, физиолошкиот, итн. генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;

„Обработка“ значи секоја операција или збир на активности што се изведуваат на лични податоци или на збирки лични податоци, без оглед дали се со автоматски средства, како што се собирање, снимање, организација, структурирање, складирање, адаптација или промена, преземање, консултација, употреба, обелоденување преку пренесување, дисеминација или ставање на располагање на друг начин, усогласување или комбинација, ограничување, бришење или уништување;

„Ограничување на обработката“ значи означување на зачувани лични податоци со цел ограничување на нивната обработка во иднина;

„Контролор“ е физичко или правно лице, јавен орган, агенција или друго тело кое, сам или заедно со други, ги утврдува целите и средствата за обработка на личните податоци;

„Процесор“ е физичко или правно лице, јавен орган, агенција или друго тело кое обработува лични податоци во име на контролорот;

„Трета страна“ е физичко или правно лице, јавен орган, агенција или тело различно од субјектот на податоците, контролорот, процесорот и лицата кои, под директна надлежност на контролорот или процесорот, имаат овластување да обработуваат лични податоци;

„Согласност“ на субјектот на податоците значи секое слободно дадено, специфично, информирано и недвосмислено индицирање на желбите на субјектот на податоците со кои тој или таа, со изјава или со јасна потврда, означува договор за обработка на лични податоци што се однесуваат на него. или неа;

„Прекршување на личните податоци“ значи повреда на безбедноста што доведува до случајно или незаконско уништување, загуба, промена, неовластено откривање или пристап до лични податоци пренесени, зачувани или обработени на друг начин;

Кои лични податоци ги обработуваме?

Заради системска заштита, секогаш кога ќе ја посетите нашата Платформа и Апликацијата, нашиот сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на вашиот уред заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата односно посетата на Платформата. Вашите лични податоци ги обработуваме само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата Платформа и Апликација заради користење на наши услуги.

Податоците кои Спот Апп ги обработува преку веб платформата се:

Податоците кои Спот Апп ги обработува преку мобилната апликација се следните:

Вашите лични податоци нема да бидат неовластено откриени на трети лица. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон.

Што правиме ние за да ги заштитиме вашите информации?

Работењето и постапувањето на „ Spot App “ во однос на заштитата на личните податоци на нашите клиенти е целосно усогласено со прописите за заштита на личните податоци во РСМ. Тоа подразбира целосно воведен систем на технички и организациски мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци. Во „Spot App“ се спроведени повеќе редовни контроли од страна на надлежни државни органи, редовни внатрешни контроли, како и контроли од надворешни трети независни правни лица.

Причини поради кои ги собираме вашите податоци

Кои се Вашите права?

Доколку сте регистрирани на нашата Платформа, врз основа на Ваше писмено барање имате право:

Безбедност и задржување на податоци

Ние се трудиме да ги заштитиме Вашите податоци од неовластен пристап и против незаконската обработка, случајно губење, уништување и оштетување. Ние ги задржуваме вашите информации за разумен период или колку што законот бара. Вие сте одговорни за одржување доверливост на вашата лозинка која сте ја одбрале за да Ви овозможи пристап до одредени делови на Платформата. Ние Ве советуваме да не ја споделувате Вашата лозинка со никого. Иако ние преземаме чекори за заштита на Вашите информации, ние не може да ја гарантираме безбедноста на Вашите податоци кои се пренесуваат на Платформата; секој пренос е на Ваш сопствен ризик.

Вршење на плаќања преку апликацијата

Плаќањето преку апликацијата се врши преку внесување на следните информации:

Покрај наведените информации од став (1) на овој дел од Корисникот може да се побараат или регистрираат следните информации: IP адресата на компјутерот од каде се прави порачката, физичка адреса за достава или е-маил адреса и сл.

Корисникот е запознаен дека по спроведувањето на нарачката, односно по внесувањето на личните податоци на корисникот, тој (Корисникот) се пренасочува кон портал за процесинг на трансакцијата, во кој портал Корисникот е должен да ги внесе сите потребни информации опишани во став (1) и (2) на овој дел, како и сите информации кои ќе се побараат од Банката на Spot App.

Корисникот се информира дека внесувањето на информациите за наплата, се врши во посебен портал на процесинг центарот на НЛБ Банка АД Скопје.

Сите информации поврзани со плаќањето преку апликацијата не се чуваат од страна на Spot App.

Со исклучок на претходниот став, Spot App може да ги зачува податоците на Корисникот поврзани со неговата IP адреса со цел анализирање на пристапот до апликацијата, односно за цели поврзани со аналитика и подобрување на корисничкото искуство на апликацијата.

По извршената трансакција преку апликацијата Корисникот ќе добие потврда за извршената трансакција на неговата емаил адреса.

Споделување на информации

Spot App не ги открива Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон.

Промени во Политиката за приватност

Го задржуваме правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста, истите ќе ги објавиме.

Давање на согласност

Клиентот се согласува дека со регистрацијата на Платформата т.е. со создавањето на неговиот кориснички налог, се согласува дека ја дава својата слободна, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја како согласност за обработка на неговите лични податоци определени во оваа политика на приватност.

Корисникот на апликацијата со користењето на апликацијата, се согласува дека ја дава својата слободна, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја како согласност за обработка на неговите лични податоци, определени во оваа политка на приватност.

Колачиња

(Да се наведе список на колачиња кои се користат и што собираат тие)

Контакт

Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате било какви прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нè контактирате на е-адресата [email protected]. Притоа, вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.