MKD

SPOT App | Правила и Услови

Одредбите коишто следат ги уредуваат условите за користење на „SPOT APP“ платформата.

Дефиниции

1. Корисник. „Корисник“ се дефинира како секое физичко лице или правно лице, кои се има регистрирано на платформата и има свој кориснички налог, односно на app.spotapp.mk интернет страницата и кое ги прифатило овие Услови за користење, како и Политиката на приватност на Spot App. Во понатамошниот текст како Корисник и/или Трговец.

2. Платформа. „Платформа“ се дефинира како целокупноста на интернет страницата app.spotapp.mk која во себе вклучува комбинација на повеќе елементи составени од компјутерски код, графички дизајн, целосното корисничко искуство, услугите кои се нудат и даваат и слично. За целите на овие Услови за користење под „Платформа“ ќе се подразбираат и мобилните апликации развиени од страна на сопственикот на Платформата кои по својата намена претставуваат составен дел од целокупното корисничко искуство од Платформата.

3. Профил. „Профил“ за целите на овие Услови за користење ќе претставува посебен дел од Платформата на кој Корисникот ќе биде должен да го пополни со негови инфромации, со цел користење на услугите на Платформата.

4. Администратор. „Администратор“ претставува физичко лице, претходно обучено на каков било начин и авторизирано како Модератор од страна на Платформата, кое во интерес на одржување и регулирање на платформата ја користи таквата обука и своите вештини во насока на имплементација на овие Услови за користење.

5. Продукт. „Продукт“ за целите на овие Услови за користење претставува продукт, добра или услуги кои Корисникот може да ги прикачи, односно рекламира, за кои Трговецот може да ги приложи сите информации со цел нивно рекламирање на Спот Апп платформата.

6. Интелектуална сопственост. „Интелектуална сопственост“ за целите на овие Услови за користење ќе значи сите права кои произлегуваат од или во врска со дизајни, логоа, трговски марки, компјутерски код и софтвер, имплементацијата на таквиот код и/или софтвер, дизајнот на корисничкото ускуство, авторските права, податоците (не вклучувајќи ги личните податоците на Корисниците), информациите во врска со Платформата.

Општи одредби

Spot App (во понатамошниот текст и како „Ние“) ја претставува Платформата која во интерес на создавање на место за олеснување на интернет трговијата, наменета за Корисници/Трговци, на истите им дава услуга со која корисниците/купувачи ќе имаат можност да се известуваат за попустите на определени продукти кои ги нудат Трговците.

Корисникот се согласува во моментот на создавање на неговиот кориснички налог дека ќе ги почитува одредбите на овие Услови за користење, во спротивно ќе биде санкциониран како што е тука пропишано.

Овие Услови за користење се јавно и лесно достапни и Корисникот може во секое време да се информира за одредбите на овие Услови за користење. Се смета дека Корисникот кој континуирано ја користи Платформата е запознаен во целост со овие Услови за користење.

Spot App го задржува правото, во секое време, да направи делумна или целосна промена на овие Условите за користење, за што за секоја промена на истите ќе го информира Корисникот на неговата електронска пошта, со што промените ќе ги обележи со поголема величина.

Регистрирање на Платформата

При процесот на регистрација, корисникот потврдува дека ги прифаќа овие Услови за користење и Политиката на приватност.

Со регистрација на платформата Корисникот изјавува дека е согласен да ги приложи своите информации како што тоа е уредено во Политиката на приватност и изјавува дека истите се вистинити и веродостојни. Во спротивно тој (Трговецот) е согласен дека неговиот кориснички налог може да биде избришан.

Употреба на Платформата

Трговецот при регистрација ги дава овие податоци:

Админ панел

Корисникот е запознаен дека при регистрацијата на профилот, му е дозволено да додаде продукт кој е на попуст, односно локации каде што третите страни можаат да го најдат продуктот. Админ панелот претставува сегмент од Платформата кој е уникатен за секој Трговец и чиј преглед, ажурирање и изменување е дозволен само на Корисникот чија сопственост е истиот. Исто така во админ панелот Корисникот дава информацци во врска со локацијата на продавницата (интегриран сегмент со мапи), име на продавницата и контакт број на продавницата каде има попуст. Корисникот ќе го избере пакетот кој сака да го активира.

Спот Апп, на трговците им нуди пакети со цел рекламирање на Продуктот. Спот Апп нуди три (4) пакети, и тоа:

Надоместот за услугите на Платформата се утврдува врз основа избраниот пакет од параграф (2) на овој дел. Корисниците го бираат релевантниот пакет и преминуваат кон извршување на трансакцијата. По успешната трансакцијата избраниот пакет се активира и Корисникот може да ги користи услугите кои ги нарачал во рамки на ограничувањата на односниот пакет. Надоместот за користење на одреден пакет се пресметува автоматски во зависност од бројот на локации/продавници кои Корисникот сака да ги промовира на Платформата преку користење на нејзините услуги.

Корисникот разбира дека во зависност од бројот на локации/продавници и времетраењето на одбраниот пакет, надоместот за истиот може да варира врз основа на таквите критериуми. За таа цел Корисникот се упатува кон Платформата, посебно делот насловен „Купи нов пакет“ со цел да се информира за тековните цените за услугите на Платформата.

A) Продавање на Продукт
Преку Админ панелот на Трговецот му е дозволено да ги изврши следните работи:

Корисникот ќе биде известен доколку има новости, дополнителни карактеристики и додавање на нови опции на админ панелот.

Процес на купопродажба

Потенцијалниот купувач ги внесува сите потребни информации со цел успешно остварување на купопродажбата кои се детално утврдени во Политиката на приватност. Доколку на потенцијалниот купувач му допаѓа некој продукт, добро или услуга, која е на попуст, тој, преку притискање на релевантното копче на производот, може да пристапи во интегрираните мапи на Платформата каде ќе ги добие инфромациите за местоположбата на избраната продавница, името на продавницата, висина на попустот, фотографијата од продуктот/услугата, времетраење на попустот, линк во вебсајтот на продавницата и бројот за контакт.

Потенцијалниот купувач го здогледува попустот и го користи истиот во локациите или преку вебсајтот избрани од страна на Корисникот/Трговецот. Тој (потенцијалниот купувач) нема никаква обврска за исплаќање на надомест од каков било тип за користење на услугите на Платформата.

Потенцијалниот корисникот извршувањето на купопродажбата го прави во место, време и по услови утврдени од страна на Корисникот/Трговецот.

Интелектуална сопственост

Интелектуалната сопственост како што е дефинирана во делот Дефиниции е во исклучива сопственост на Spot App. Забрането е какво било прекршување на интелектуалната сопственост на Spot App, во спротивно Spot App го задржува правото да го избрише Корисникот кој постапил спротивно на оваа забрана како и да бара заштита на своите права и интереси пред стварно и месно надлежен суд.

Сите сегашни и идни права во врска со интелектуалната сопственост, вклучувајќи ги иновациите, подобрувањата, трговските марки, дизајните, текстот или какви било други кореспондирачки права од законите на која било јурисдикција каде што оперира Платформата, како и правата во врска со деловните тајни, тајните процеси, know-how, компјутерски код, концепти, идеи, информации, процеси, податоци, формула и работен производ кој ќе произлезат од Платформата претставува ексклузивна сопственост на Spot App.

Пристап до Платформата

Spot App го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап до Платформата или на профил на кое било лице, во кое било време поради која било причина. Корисникот изјавува дека понекогаш се можни пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Spot App, Spot App не е одговорен за кои било податоци кои може или ќе бидат изгубени додека се врши пренесување на информација преку интернет.

Трговецот признава дека во зависност на околностите, во рамките и надвор од контрола на Spot App, пристапот до платформата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

Кодекс на однесување

Користењето на Платформата мора да биде во согласност со Условите за користење. Доколку однесувањето на Трговецот е причина поради која на друг му се попречува или забранува користењето на оваа Платформа, Spot App ќе пристапи кон ограничување на пристапот и користењето на Платформата на виновната страна.

Корисникот/Трговецот изјавува дека Продуктите кои ги пласира на Платформата се оние продукти за кои тој има право да ги продава/нуди и како такви да ги пласира согласно важечките закони.

Поставувањето на каква било содржина на Платформата која:

Ќе се санкционира со забраната за користење на платформата и корисничкиот налог ќе се деактивира.

Ќе се санкционира со забрана за користење и деактивирање на корисничкиот налог на виновната страна и самиот обид да се направи:

Забранети продукти или услуги за трговија преку Spot App

На Трговецот му е забрането да ги понудува следните Продукти преку Spot App:

Исклучување од одговорност

Корисникот изјавува дека е запознаен со начинот на кој се организираат услугите на Плаформата.

Со создавањето на корисничкиот налог Корисникот се согласува дека Spot App нема никаква одговорност за какво било дејствие или пропуштање од страна на Трговецот или потенцијалните купувачи.

Spot App нема да биде одговорен за какви било последици врз трговското или деловното функционирање на Трговецот поради дејствија кои се на вина на Трговецот.

Трговецот изјавува дека е запознаен и согласен дека Spot App нема да сноси никаква одговорност во однос на испораката и/или подигнување на Продуктите кои се пласирани на Платформата. Таквата испорака или подигнување од страна на купувачите останува одговорност на Трговецот.

Корисникот изјавува дека е запознаен дека Spot App не повлекува никакви права врз содржините кои може да се објават на Платформата и дека истата (Spot App) не е во никој случај одговорна доколку дојде до прекршување на авторски права и права од интелектуална сопственост на трети лица по вина на Корисникот. Тој е согласен дека ќе ја сноси целата одговорност лично.

Купувачот своеволно влегува во облигационен однос со Трговецот и не може на никој начин да бара одговорност од страна на Spot App на име надомест на штета и сл. Од своја страна Spot App по добиена поплака од страна на купувачот ќе се консултира со Условите за користење и согласно истите ќе ја санкционира виновната страна на начин утврден во Условите за користење.

На купувачот му се напоменува дека за секакви поплаки, или какви било недостатоци или проблеми со купената услуга или продукт, тој е должен спорот да го реши со односниот Трговец.

Вашата приватност

Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве орxабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на приватност е содржана во овие Услови на употреба, а истата може да ја пристапите ТУКА.

Електронска комуникација

Кога ја користите Платформата или испраќате електронски (е-маил) пораки до Spot App, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на Платформата. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.

Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.

Прибирање на информации

Spot App го задржува правото да ги прибира и обработува информациите согласно Политиката на приватност.

За подетални информации во врска со прибирањето на податоци го замолуваме Корисникот да се консултира со Политиката на приватност на Spot App.

Виша сила

Spot App нема да се смета за одговорен за функционирањето на сајтот во согласност со овие Услови на употреба, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од:

Поврат на средства

Spot App ќе врши поврат на средствата на корисникот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Писменото барање, заедно со Трансакциска сметка на купувачот треба да се достават на следната е-маил адреса: [email protected].

Повратот на средства ќе биде извршен во период од 10 работни дена по достава на целосно писмено барање.

Завршни одредби

Spot App Платформата е сопственост на Друштво за трговија и услуги СПОТ АПП ДООЕЛ Скопје, цо ЕМБС: 7375140, со ЕДБ: 4057019546990, со адреса на ул. Драгиша Мишовиќ бр. 8/2 Скопје – Карпош.

Со користењето на Платформата, Корисникот се согласува на овие Услови за користење во целост и со Политиката на приватност која му е достапна ТУКА